X
 25.02.2018 Култура

„Свирчето на смртта“ на Астеците - еден од најстрашните звуци што некогаш ќе ги слушнете

svirce

Свирчето на Астеците е една од најзастрашувачките работи што некогаш сте ги слушнале. Буквално звучи како вресок на зомби. Замислете само како е да слушнете стотици свирчиња од астечката војска додека маршира.

Сепак, научниците не се сигурни за што се користеле овие свирчиња. Се претпоставува дека се користеле како тактика за заплашување во војната, меѓутоа, постои еден аспект од астечкото општество во кое сигурно играле улога: човечка жртва.

Во 1999 година археолозите откриле 20-годишна човечка жртва што го држела свирчето на смртта во своите раце. Жртвата била пронајдена во храмот на Ехецатл, богот на ветерот, сугерирајќи им на научниците дека свирењето требало да биде поттикнато од ветерот. Во секој случај, современите музичари и антрополози се заинтересирале за улогата на свирчињата во историјата на Мексико.

Роберто Веласкез е машински инженер кој со симулации на воздухот што поминувал низ свирчето се обидувал да ги повтори церемонијалните звуци.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура