X
 26.02.2018 Образование

Подготвен е нов список со лектири за основно, МОН чека коментари и мислења




После низата критики во однос на изборот на лектирите за основците, надлежните подготвија нов список со лектири за учениците од второ до деветто одделение.
Министретсвото за образование и наука информираше дека Бирото за развој на образованието изготви нов предлог-список за лектири за основното образование од второ до деветто одделение.
- Списокот на лектири се освежува и дополнува за да биде во чекор со интересите на учениците, односно да го поттикне и зголеми интересот за книгата кај младите читатели преку зближување на содржините на лектирите со современите трендови и интереси на ученикот. Исто така, ревидирањето на списокот на лектири се прави со цел да им даде слобода на наставниците во нивната работа и да се збогати изборот на лектири со кој тие би можеле да работат низ годините – соопштија од МОН.
Овој предлог е доставен на јавен увид и дебата со цел стручните лица од земјава да се произнесат за новиот список за лектири. МОН ги повикува наставниците од основните училишта да се вклучат во јавната дебата и да го искажат своето мислење во однос на списокот за лектири. Предлогот ќе биде доставен за мислење и до универзитетите, како и до Друштвото на писатели на Македонија.
Списокот е објавен на веб страницата на МОН, а предлозите и коментарите може да се достават на lektiri@mon.gov.mk, и во архивата на Министерството за образование и наука. Крајниот рок за доставување предлози е 26 март 2018 година.
Подготвил: М.А.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование