X
 26.02.2018 Технологија

Светски мобилен конгрес: „Самсунг“ ги претставува своите моќни адути, а „Нокиа“ го враќа банана телефонот

галакси

Најголем акцент е ставен на зајакнување на камерата, а „Самсунг“ ги избра двојните фотоапарати. Корејците за мисијата го поставија најдоброто снимање на фотографии и видеа во сите услови, па дури и во најтешките - услови на слаба светлина и во движење. Во тоа би требало да помогне спојувањето на новите леќи што имаат ветувачки бленди и силната процесорска сила, која ќе обработува фотографии и четирипати побрзо отколку претходните модели.

Ова се официјалните спецификации на новите мобилни телефони:

- Двојна 12-мегапикселска камера (f/2.4 отвор на блендата и f/1.5) и 8 мегапиксели камера (f/1.7);

- Подобрен паметен помошник „Биксби“;

- Звучници што даваат стерео-искуство;

- Безжично полнење:

- „Бесконечен екран“ како на минатогодишните модели „С8“ и „ноут 8“;

- 5,8 инчи „QHD“ Super Amoled заоблен екран за „С9“ (резолуција 1440 х 2960) и 6,2 инчи за „С9 плус“;

- Супер забавено видео што снима 960 пати во секунда;

- Батерија 3000 mAh (3500 на „С9+“);

- Чипсет: 10 nm Exynos 9810 и „Snapdragon 845“;

- 4 гигабајти работна меморија кај „С9“, 6 гигабајти кај „С9+“;

- И двата модела се со двојна СИМ-картичка;

- Цена за „С9“: 719 долари, и „С9+“: 839 долари.

„Нокиа“ го враќа банана телефонот

Откако минатата година „Нокиа“ го врати мобилниот 3310, сега враќа уште еден легендарен модел од минатото - „нокиа“ 8810, телефонот познат како „банана“ од филмската трилогија „Матрикс“. Имено, кинеската компанија „Ејч-ем-ди“, која ја врати во живот „нокиа“, и сега изработува телефони под тоа име, а на Светскиот мобилен конгрес што ќе се одржува од 26 февруари до 1 март во Барселона ќе ги претстави своите нови надежи. Со ажурираниот 8819 на пазарот ќе дојдат и четири нови паметни телефони - „нокиа“ 1, 6, 7 и 8 „сироко“.

„Нокиа“ 8810 нема да биде паметен телефон, туку таканаречен „функциски телефон“, односно она што би можело да се нарече редовен телефон со можност за користење апликации како „Фејсбук“, „Твитер, „Гугл Мапс“ и 4Г. Секако, ја има и играта „Змија“. Дизајнот го следи моделот од минатото, но е целосно надграден. Доаѓа во две бои - црна и банана-жолта, а ќе почне да се продава од мај по цена од 79 евра плус данок и дополнителни бенефиции.

Паметните телефони на „Нокиа“ доаѓаат со екрани што ќе се протегаат преку поголемиот дел од предниот дел на уредот и сооднос на екранот од 18:9. Секако, највпечатлив е „нокиа 8 сироко“. Станува збор за овогодишниот предводник на компанијата, со спецификации кои се совпаѓаат со врвот на ценовната понуда - цената ќе изнесува 749 евра без данок.

„Нокиа 7 плус“ е концентриран на фотографијата, има двоен заден сензор со оптика „Цајс“, при што главната камера е 12 мегапиксели, а секундарната 13 мегапиксели.

„Нокиа 6“ е телефон од средно ниво, со алуминиумско куќиште и системски процесор „Snapdragon 630“. Доаѓа во две конфигурации, со 3 гигабајти RAM меморија и 32 меморија, односно 4 гигабајти RAM и 64 гигабајти меморија, како и во три комбинации на бои: црна/бакарна, бела/метална и сина/зелена. Во продажба ќе излезе на почетокот од април по цена од 279 евра без данок.

„Нокиа 1“ доаѓа со „Андроди Орео“ верзија на овој оперативен систем создаден за уреди со 1 гигабајт RAM. Ќе биде достапен на почетокот на април во топло црвена и темносина боја, а ќе се продава по цена од 85 американски долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија