X
 27.02.2018 Живот

Го палите моторот од автомобилот без да чекате да се загрее? Еве како изгледа тоа преку термална камера

kamera
Фото: Youtube/Printscreen

Минусните температури во зима, меѓу другото, на тест ги ставаат и моторите на нашите автомобили. Притоа, често се полемизира дали моторот треба да се загрее од место (на пример, додека го чистите снегот од автомобилот) или треба веднаш да тргнете по палењето на автомобилот.

Кај модерните мотори навистина нема потреба да чекате да постигнат работна температура или да ги загревате од место, туку може веднаш да тргнете благодарение на сензорите што детектираат ниски температури во моторот, така што сите делови од моторот почнуваат рамномерно да се загреваат.

Тогаш и постигнувањето работна оптимална температура во текот на рамномерното оптоварување се одвива побрзо бидејќи и подмачкувањето на моторот е поефикасно, Сепак, не е лошо да го пуштите моторот да работи барем една минута во место, пред да тргнете.

Кај постарите генерации на мотори, пак, се препорачува работа во лер пред да почнете да се движите. Кои делови при студено стартување на -6 степени ќе се затоплат побрзо, а кои побавно, ви покажува ова видео во кое студениот старт е снимен со термална камера.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот