X
 27.02.2018 Живот

Како се справува „Фејсбук“ кога станува збор за љубовни врски меѓу колегите?

fb
Фото: Getty Images

Оваа одлична политика треба да ја примените во вашиот живот - според извештај за излегување со колега од работа, на вработените во „Фејсбук“ што се заинтересирани за колега/колешка им е дозволено само еднаш да го/ја прашаат колегата/колешката на состанок. Ако колегата каже не, тогаш тоа е крај, повеќе не смеат да прашаат.

„Недвосмислените одговори како ’Зафатен сум‘ или ’Не можам токму таа вечер‘ се сметаат за не“, вели Хајди Свартц, глобален шеф за законот за вработување на „Фејсбук“. И „Гугл“ има слично правило. Во „Фејсбук“ односите на вработените со конфликти на интерес се очекува сами да ги пријават во човечки ресурси или, пак, да се соочат со последиците. Околу 40 отсто од луѓето биле во врска со колега во последната деценија. И додека оваа политика сигурно не ги покрива сите полиња - секогаш е добра идеја да сметате дека велењето „не“ значи токму онака како што звучи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот