
Фото: Pixabay
Одмрзнувањето на стаклата на автомобилите за многу луѓе е задолжителна подготовка за возење во зимските месеци.
Тврдиот слој на мразот нè забавува наутро кога најмногу брзаме и немаме време, па затоа ова решение ќе биде совршено за вас.
„Магичниот“ спреј за одмрзнување на стаклото ви штеди време и пари и се состои од само 3 состојки.
Потребен материјал
- Шише со пумпа за прскање
- 1 децилитар медицински алкохол (70%)
- 5 капки детергент за машина за миење садови
- 4 децилитри вода
Постапка
Во шишето со пумпа за прскање ставете го алкохолот, потоа детергентот и на крај топлата вода. Затворете го шишето, протресете ја содржината и почнете со прскање. По првото отстранување на мразот
течноста ќе го штити стаклото од замрзнување некое време.