X
 27.02.2018 Култура

Со модна изложба на студентите од ТМФ, ќе се отвори Месецот на франкофонијата




Со изложбата „Новиот бран“, во среда со почеток во 16 часот во просториите на Францускиот институт во Скопје ќе се отвори манифестацијата Месецот на франкофонијата. Изложбата се организира со соработка со Технолошко-металуршкиот-факултет во Скопје по повод 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, како и во знак на отворање на Месецот на франкофонијата.
Истата е дел од модниот проект насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.
- Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови којшто сосем се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран – велат од Францускиот институт.
Студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет преку модни креации ќе го прикажат нивниот поглед кон овој феномен. Тие работеа под менторство на Лидија Георгиева,  дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Три студентки, чијшто престој на Модната недела во Париз беше поддржан од Францускиот институт во Скопје, ќе ги споделат нивните искуства за време на овој престој.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура