Она што започнало како хоби поттикнато од љубовта на Ден Бел кон сложените мапи од светот на Џ.Р.Р. Толкин, прераснало во професија. Бел почнал светските мапи да ги замислува како дел од светот на „Господар на прстените“, па започнал со цртање шуми, планини и езера и ги трансформирал.
фотоизвор: Dan Bell
Вели дека за целиот процес му се потребни 2 дена за мапа, што вклучува цртање со различни моливи, па на крајот мапата ја поминува со мастило. Досега направил околу 15 мапи на национални паркови од Велика Британија, но вкупно нацртал 50 мапи.
фотоизвор: Dan Bell/Middle Earth
Бел сакал да ја комбинира реалноста со фантазијата и да креира уникатни мапи, во што и успеал. Прстенот „Кингмор“ потекнува од 10 или 12 век и е прстен на викинзите и на него има магичен натпис со кој се отстранувале треската и лепрата. Токму тој прстен е инспирација за креирање на Толкеновото дело „Едниот прстен“. Прстенот бил пронајден во Кумбриа, за што Бел го нацртал езерото Дистрикт.
Омилен лик од „Господар на прстените“ му е Леголас бидејќи, како што вели, тој е човек со вештини и прецизност. Бел повеќе ги сака книгите отколку филмовите бидејќи тие му дозволуваат да ја замисли приказната на свој начин.
фотоизвор: Dan Bell/Oxford
Сега има барања за креирање вакви мапи за други национални паркови во светот, особено во САД, а се надева дека истото ќе го стори и со парковите во Нов Зеланд, што за него е вистински предизвик.
Копии од неговите мапи можете да купите на овој
линк.