X
 28.02.2018 Образование

Законски измени: Директор на училиште ќе се станува без положен психолошки тест - нема кој да го направи




Директори на основни и на средни училишта, како и на државни агенции под капата на Министерството за образование и наука веќе нема да полагаат психолошки тестови, а ќе треба да го положат АПТИС како меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик како услов за вработување.
Во Собранието на Македонија во процедура се измени на десетина закони што се однесуваат на образованието. Од Министерството за образование и наука велат дека станува збор за законско усогласување, односно со последните измени во Законот за административни службеници со кои се укина психолошкиот тест како услов за вработување на државните службеници.

Во образложението на предлог-законите стои дека АПТИС е најевтин сертификат кој е најлесно достапен во државата, а кој е признаен во светот за познавање на англискиот јазик.
Покрај другите тестови како доказ за познавање на англискиот јазик, отсега ќе се признава и овој.

Психолошкиот тест, пак, се укинува бидејќи нема стручен кадар кој ќе развие соодветни психолошки тестови.
 - Во однос на психолошкиот тест, иако е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, проблем претставува фактот што во државата не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар што ќе развие соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица – стои во образложението за законските измени.
Подготвил: М.А.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование