X
 01.03.2018 Образование

„Волшебниот свет на меурчињата од сапуница“ и други бизарни курсеви на американските колеџи


Дипломирани студенти во одори
(Фото: Pixabay)


Школството во САД по многу нешта е посебно и чудно, но со курсевите на некои колеџи Американците се надминаа себеси.

Еве за што станува збор...

1. Обожаватели на „Војна на ѕвездите“ – на овој предмет студентите ги анализираат „Војна на ѕвездите“, техниките на џедаите и сл.

2. Симпсонови и филозофијата – на овој курс студентите анализираат сè, од религија, преку наука до политика, а на курсот откриваат како Симпсонови сето тоа го поврзале во една приказна.

3. Религијата на „Ѕвездени патеки“ – покрај обожаватели на „Војна на ѕвездите“, на американските колеџи има и курс за обожаватели на „Ѕвездени патеки“.

4. Што би било кога Хари Потер би бил реален? Со ова прашање се занимаваат студентите, проучувајќи ги романите и филмовите за овој волшебник.

5. Математика на уличните борби – од вештини за успешно погодување резултати до геометрија, логаритми на тепачките... сето тоа го изучуваат студентите на овој предмет.

6. Тетоважите во американската поп-култура – нема потреба од дообјаснување.

7. Рекреативно качување по дрвја. Од основни вештини, до движење од крошна до крошна. Некои студенти навистина го имаат овој предмет.

8. Волшебниот свет на меурчињата од сапуница. Се чини дека едно меурче од сапуница има голем опсег на физички ефекти...

9. Како да се гледа телевизија? Курсот објаснува на кој начин критички да гледаме на секоја ТВ-програма.

10. Текстовите на песните од Тупак Шакур. Студентите го изучуваат филозофското, историското и книжевното влијание на овој рапер.

11. Историја на сурфањето и културалните, технолошките и економските аспекти на овој спорт.

12. Политичката улога во светот на популарната пејачка Бијонсе и нејзиното влијание врз луѓето. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование