X
 01.03.2018 Живот

Зошто им ја отворив вратата од мојот дом на над 100 осамени непознати луѓе?

покана

Статистиката покажува дека повеќе од 210.000 Данци често се чувствуваат осамени, што е 1/25 од целата популација.

Со години и јас се чувствував осамено, меѓутоа, сето тоа се промени на 7 декември 2016 година кога ја напишав пораката: „Очајно сакам да се запознам со нови пријатели. Осамен сум и поминувам низ најтешкиот период од мојот живот. Од 2 до 20 часот ќе седам на скалите пред општината. Ќе носам црни панталони и чанта на која пишува „North Face“.

1

Во декември 2016 година ја основав националната мрежа со која осамените луѓе можат да пронајдат пријатели и некој со кого ќе можат да се поврзат. Мрежа во која ви аплаудираат ако ја покажете својата слабост и ранливост. Мрежа во која ние, како заедница, стоиме заедно против табуата и осаменоста. За да им помогнам на новите членови да се чувствуваат удобно, секоја недела ги канев во мојот дом на вечера, забава и игри.

2

Ова беше многу важно за мене, тоа што секој член стекна добро искуство, чувствувајќи дека е дел од заедницата.

Во јануари 2017 година одлучив да земам студентски кредит за да можам да организирам неделни бесплатни вечери. Знаев дека повеќето членови беа студенти со ограничени финансии, така што сакав да го елиминирам финансискиот аспект за секој да може да учествува. До март 2017 година мрежата се зголеми на 10.000 члена, така што одлучив да се откажам од програмерските студии. Сакав целосно да ѝ се посветам на мојата волонтерска работа, но тоа значеше дека нема да имам никакви приходи, освен финансии од неколку јавни говори.

3
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот