X
 05.03.2018 Култура

Постои термин за луѓето родени во раните 80-ти, а не се чувствуваат како милениумци, ниту како генерација х

1
Фото: АВС

Се смета дека луѓето родени во 1980 година припаѓаат на генерација Х. Други, пак, веруваат дека овие луѓе се милениумци, и со тоа членови на генерација У. Овој проблем го има секој што е роден помеѓу 1977 и 1985 година. Овие девет години не се доволни за да се квалификуваат како одделна генерација, меѓутоа, голем дел од луѓето родени во овој период чувствуваат дека не припаѓаат никаде. И имаат голем број причини зошто се чувствуваат така.

Имено, родените на почетокот на 80-те се нарекуваат себеси иксенијалци - тие имале аналогно детство и дигитална зрелост. Овие години лежат помеѓу две големи генерации - со едното стапало се влезени во генерација Х, а со другото во генерација У.

Меѓутоа, постои едноставно решение: можат да се нарекуваат микрогенерација, односно иксенијалци.

Овие луѓе играле надвор и не можеле да им испраќаат текстуални пораки на своите пријатели. Како генерацијата Х, и тие како деца играле надвор во игри што ги измислувале сами, долго време пред излегувањето на видеоигрите. Немале телефони, немале социјални мрежи. Морале да се јават на фиксен телефон, да им се претстават на родителите на нивните пријатели и да ги убедат да им го дадат телефонот.

Иксенијалците користеле „хотмеил“, но ги користат социјалните мрежи како да се родени со нив

Потоа пристигнале првите мобилни телефони. Конечно оваа генерација можела да ги контактира пријателите без прво да разговара со нивните родители. Нивниот прв компјутер бил „Интел“, 286 или 486 или „Комодор Амига“. Првите видеоигри биле на флопи дискови. Нивната прва е-адреса била на „хотмеил“.

Денес ги користат социјалните медиуми како да се родени со нив и не можат да си го замислат животот без нив. Оваа генерација живеела ослободена од стресот постојано да биде фотографирана, снимана или следена. Сликите од нивното детство никогаш не биле постирани на „Фејсбук“.

Како што растела генерацијата, така созревала и технологијата.

Оваа генерација не е во депресија како генерацијата Х, ниту прекумерно оптимистична како милениумците.

Детството на оваа генерација било мирно. Студената војна што ја преплашила генерацијата Х веќе била завршена кога се родила оваа генерација.

Оваа група е позната и како „Орегон Треил“ генерација поради популарната компјутерска игра додека растеле.

Иксенијалците биле првата генерација што пораснала во домаќинства со компјутери и интернет-пристап.

До моментот кога иксенијалците наполниле 20 години, музичката индустрија целосно се променила. Наместо да купуваат касети, можеле да преземаат песни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура