X
 07.03.2018 Технологија

Како да отворите порака на „Вaтсап“ без да се регистрира отворањето?


„Ватсап“ иконче на смартфон
(Фото: Getty images)


„Ватсап“ има 1,5 милијарда корисници. Бидејќи апликацијата му овозможува на испраќачот да дознае дали примачот ја прочитал пораката, оваа опција не е една од преферираните.

Меѓутоа, постои еден трик со кој можете да ја прочитате пораката, а испраќачот да не го забележи тоа.

Апликацијата регистрира дека сте ја прочитале пораката кога сте вклучени онлајн, односно кога е овозможен проток на интернет-податоци. Доколку сакате да ја прочитате содржината на пораката без тоа да го дознае испраќачот, треба да го направите следното:

1. Кога ќе добиете нотификација дека сте примиле порака, исклучете го интернетот.

2. Отворете „Ватсап“ и прочитајте ја пораката.

3. Затворете ја апликацијата и повторно вклучете интернет.

Дури и кога повторно ќе се вклучите на интернет, лицето што ви ја испратило пораката нема да знае дека сте ја прочитале.

Пораката можете да ја прочитате и со едноставно отворање на брзиот пристап/известувањата од врвот на екранот, каде што се чуваат пристигнатите пораки, со тоа што тие ќе останат маркирани како непрочитани затоа што ќе се прикажат само на екранот.

Она што веројатно го знаете е дека оваа опција можете да ја исклучите и во приспособувањата, па никој од вашите пријатели ќе нема увид дали сте ја прочитале пораката или не.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија