Младоста е најдобриот подарок, додека младоста и парите се извонредна можност.
Прашајте ги сестрите Андерсен, Александра и Катарина, најмладите милијардерки во светот. Според „Форбс“, тие го добиле богатството во 2007 година кога нивниот татко Јохан Андерсен им го префрлил сопствеништвото на инвестициската компанија „Ферд“. Двете имаат по 42 отсто од акциите во компанијата, основана во 1849 година.
И покрај тоа што го наследиле нивното богатство во 2007 година, тие неодамна беа потврдени како најмлади милијардери во светот, бидејќи норвешката влада не ги објавува даночните пријави на лица под 17 години.
21-годишната Александра и 22-годишната Катарина поседуваат 3 милијарди долари. Но и покрај богатството, тие одат на училиште, практиканти се, поминуваат време со пријателите и имаат забавни хобија.
Погледнете го животот на двете најмлади милијардерки.
Иако се само една година разлика, сестрите не се многу блиски. Постираат фотографии со нивните пријатели, а многу ретко една со друга и имаат различни интереси.
Александра е професионален јавач и нема планови да работи во „Ферд“.
Иако и двете се наследнички на компанијата, нивниот татко инсистира тие да не бидат присилени да работат во неа.
„Чувствувам голема одговорност. На некој начин мислам дека не сум заслужила вакво нешто, меѓутоа, сакам да се развие ’Ферд‘ и да го направам подобро место за работење“, вели Александра.
„Тоа што моето семејство има ресурси ми отвори многу можности, особено кога станува збор за јавањето, бидејќи бара многу пари. Но не секогаш се доволни парите за човек да успее“, додава таа. Таа е дел од победничкиот тим на национални јавачи на Норвешка.
Таа е свршена со Толефсен, кој е професионален борач. Нејзиниот профил на „Инстаграм“ покажува голем дел од нејзините патувања, вклучувајќи и патување во Индија.
Катарина е практикант во компанијата за сметководство „Ернст и Јанг“ и студира социјални науки на Универзитетскиот колеџ во Амстердам. Таа патува насекаде низ светот со својот партнер: Италија, Њујорк, Белизе... И таа, како и нејзината сестра
Александра, обожава да јава коњ.