X
 15.03.2018 Наука

Фотографии што ги откриваат какви последици во иднина би можеле да остават климатските промени

foto

Сите треба да бидеме свесни дека климатските промени се вистинска работа за која треба и тоа како да бидеме загрижени.

Фотографиите од целиот свет се сведок за тоа со какви опасности во моментов се соочуваме.

За јавноста да има подобро разбирање за опасностите со кои се соочува, истражувачката група „Клајмет Централ“ создаде уникатен додаток за „Гугл Ерт“, кој дава одлична виртуелна демонстрација за тоа како светот може да изгледа во иднина според предвидувањата за 2100 година.

Пресметките биле базирани на истражувања спроведени од Националната океанографска и атмосферска агенција. Тие го покажуваат најлошото сценарио, доколку нивоата на морето доживеат екстремен пораст.

1
Фото: Google Earth

Поголемиот дел од финансиската област во Њујорк ќе биде преплавена со вода од реката Хадсон, што се протега во Бруклин и во Вест Вилиџ.

2
Фото: Google Earth

Балтимор, Мериленд го има едно од најголемите пристаништа во Америка, а ќе забележи огромен пораст на нивоата.

3
Фото: Google Earth

И покрај тоа што не е близу до крајбрежјето, поголемиот дел од спомениците на Вашингтон ќе бидат уништени од водата, иако Белата куќа ќе успее да се спаси.

4
Фото: Google Earth

Њу Орлеанс, кој претрпе една од најлошите поплави во историјата на Америка, до 2100 година практично ќе биде потопен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука