X
 18.03.2018 Технологија

Едноставен трик кој ќе ви помогне да си го најдете изгубениот телефон

Ако сте го изгубиле вашиот паметен телефон и е заклучен, не постои можен начин за некој кој го нашол да ве извести, така? Не е точно. Со подесување на вашите контакти за итни случаи, луѓето ќе имаат пристап до избраните броеви за да се јават без да го отклучуваат телефонот - што е корисно кога го менувате телефонот или имате итен случај. Еве како да го направите тоа.

Како да додадете информации за контакти за итни случаи на Ајфон

Сите уреди со iOS кои работат со iOS 8 и подоцнежните верзии ви дозволуваат да додавате информации за контакт за итни случаи, заедно со медицинските белешки кои би биле достапни за секој од вашиот заклучен екран.

За да го поставите, само следете ги овие шест едноставни чекори.

1. Отворете ја апликацијата Apple Health, која стандардно е инсталирана на сите уреди со iOS.

2. Одете на Medical ID во долниот десен агол.

3. Допрете Create Medical ID.

4. Внесете ги вашите контакти за итни случаи и здравствени информации како што се датумот на раѓање, висината и крвниот тип.

5. Вклучете го Show When Locked на горниот дел од страницата за да вашите медицински податоци бидат достапни на заклучениот екран - ова е потребно за да се осигурате дека луѓето да имаат пристап до контактите за итни случаи кои сте ги внеле.

6. Кога ќе завршите, одете на Done.

Како да пристапите до овие контакти во итен случај

Ако најдете телефон или некој што има потреба од помош, можете да пристапите до нивните информации за итни случаи така што ќе го направите следното:

1. Притиснете го копчето Home.

2. Допрете Emergency.

3. На екранот за итни повици, одете на Medical ID во долниот лев агол, за да ги видите медицинските информации зачувани на уредот.

4. Повикајте некој од наведените контакти.


Фото: News.com.au

Како да додадете информации за контакти во итни случаи на Самсунг

Чекорите за додавање на овие информации на вашиот Самсунг се малку поинакви.

1, Отворете ги контактите и кликнете на вашиот.

2. Одете во Emergency Medical Information и внесете ги сите потребни детали.

2. Вратете се кон вашите контакти и одберете го корисникот или корисниците кои сакате да ги додадете.

3. Кликнете на Details, а потоа Edit во горниот дел од следната страница.

4. Одете до Groups и кликнете на ICE - emergency contacts

5. Вратете се назад и потоа кликнете на Save на горниот дел од екранот.

Како да направите итен повик и да пристапите до медицинските информации


1. На заклучен екран, повлечете нагоре.

2. Одете на Emergency.

3. Допрете Emergency information.

4. Кога ќе почне да трепка, повторно допрете ја опцијата.


Фото: News.com.au

Како да додадете контакти за итни случаи на други телефони со Андроид


Во зависност од тоа каков телефон поседувате и со која верзија на Андроид работи, можеби веќе имате функција за контакти во итни случаи во поставките на вашиот телефон. Ако не можете да пронајдете поле за контакт за итни случаи во поставките, можете да преземете апликација за да ги внесете информациите, само бидете сигурни дека има додаток достапен од заклучен екран.

1. Отворете ја апликацијата за поставки.

2. Допрете Users and Accounts, а потоа Emergency Information.

3. Внесете ги информациите што сакате да ги споделите.

• За медицински информации, допрете Edit information или Info.

• За контакти во итни случаи, допрете Add contact.

• За да ги исчистите вашите информации, допрете More и потоа Clear All.

Како да направите итен повик и да пристапите до медицинските информации

1. На заклучен екран, повлечете нагоре.

2. Допрете Emergency

3. Одете на Emergency information.

4. Кога ќе почне да трепка, повторно допрете го.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија