X
 26.03.2018 Живот

Заштедете и покрај ниската плата: 4 трикови кои ќе ви го променат животот


Касичка со монети
(Фото: Pixabay)


Направете го штедењето дел од вашиот живот, без оглед колкави примања имате. Овие совети сигурно ќе ви помогнат во тоа.

Не постои лице кое има доволно пари, без оглед колку заработува. Меѓутоа, уште е полошо кога примањата се ниски, па не е лесно што било да се заштеди. Професор по маркетинг од еден американски универзитет тврди дека постојат ефикасни трикови за штедење.

Како што вели тој, клучен чекор е штедењето да го направиме дел од нашиот начин на живот, а за таа цел предлага 4 клучни чекори со чија помош ќе можете да успеете во таа намера.

1. Почнете со конкретна цел: Создавање на фонд за итни случаи. Многу финансиски експерти советуваат создавање на „црн фонд“, а количината на пари кои ќе се соберат, варира од 12.000 денари (200 евра) до сума на пари кои ќе ви бидат доволни да преживеете осум месеци.

Одредете ја сумата пари која сметате дека ви е потребна за да се чувствувате сигурно и да почнете малку по малку да штедите. Едноставниот јапонски трик може да ви заштеди неколку илјади денари. „Формирањето на првична цел е прв чекор за создавање навика. Луѓето можат да создадат нова навика само ако развијат одредени обрасци на однесување. За почеток ви треба силна мотивација, слично кога учите да управувате со возило, па сте фокусирани на возачкиот испит“, пишува професорот Долакија.

2. Заштедете по нешто секој ден, барем по неколку денари. За да создадете цврста навика, морате редовно да повторувате одредено однесување. За создавање навика на штедење, клучно е секој ден да заштедите барем по некој минимален износ, дури и ако станува збор за неколку денари. Овој совет можеби не е во согласност со советите од стручните лица кои предлагаат да направите некаков вид на автоматско штедење (како траен налог), но ако сакате да развиете штедливост, морате да бидете свесни што правите.

3. Направете ја вашата заштеда видлива. Додека првите два чекори се однесуваат на создавање навика, другите два помагаат таа навика да ја зацврстите. Истражувањата покажуваат дека клучот на истрајноста во новата навика е во тоа да имате видлива и опиплива награда.

4. Без оглед колку заработувате, морате да трошите помалку од тоа. Овој чекор можеби се чини логичен, но најтешко се спроведува. Токму тоа е главната причина зошто луѓето многу често се откажуваат од штедењето и немаат контрола над своите трошења. Ако сакате да создадете навика на штедење, морате константно да внимавате да трошите помалку од заработеното, а тоа ќе го постигнете со забележување и намалување на своите трошоци.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот