
Фото: iStock
Порастот на биткоинот во текот на последнава деценија го остави светот да продолжи да се бори, уривајќи ги рекордите и присилувајќи нè да се соочиме со епските предизвици што ги поставува нестабилниот крипто-универзум.
Сега, еден уметник ја предизвикува нашата опсесија со криптовалутите, вградувајќи биткоини вредни илјадници долари во неговите уметнички дела, што всушност се визуелна претстава на неговиот кодиран паричник со криптовалути.
Со други зборови, овие шарени мозаици не се нешто што би можело да се најде на вашиот ѕид: во основа тие претставуваат скриени шифрирани лозинки. Ако можете да откриете како да го дешифрирате кодот, можете да отклучите биткоини и други криптовалути вредни околу 10.000 американски долари.
„Се обидувам да им помогнам на оние што немаат познавања за компјутерската наука да го визуализираат и разберат апстрактниот концепт на криптовалутите и истовремено да ги демократизираат потенцијалот и нестабилноста што доаѓаат со нив“, објаснува уметникот Енди Баух.
Користејќи ЛЕГО-тули како медиум, најновото шоу на Баух наречено „Нови пари“ минатата недела беше изложено во Лос Анџелес. Делото содржи околу 100.000 тули во кои се скриени тајните клучеви до неговите паричници со разни криптовалути.
Во знак на брзата промена на вредноста на овие криптовалути, насловот на секое дело е референца за оригиналната инвестирана сума на Баух: биткоинот првично бил вреден 20 долари, 50 долари, 90 долар и така натаму.
Можеби сумите не звучат многу, меѓутоа, неверојатното искачување на биткоинот откако Баух ги создаде уметничките дела ја зголеми нивната финансиска вредност - настрана од нивната уметничка вредност.
За да знае како да ги прикаже своите криптоклучеви во форма на ЛЕГО-тули, Баух користел комбинација на човечки и алгоритамски влез, а за привлекување на сите уметнички инвеститори, тој вели дека ќе им обезбеди помош на инвеститорите што ќе ја купат неговата уметност.
За да се осигури дека уметничките дела се дешифрираат,
Баух ги тестирал преку таканаречена обратна екстраполација, потврдувајќи дека секој што ќе ги идентификува кодовите ќе може да го земе она што се наоѓа во паричникот.