X
 28.03.2018 Живот

„Мајкрософт“ и „Let’s do It! World“ ќе го чистат отпадот низ целиот свет


Активисти чистат крајбрежје
(Фото: Microsoft)


Отпадот е еден од најголемите светски проблеми. Постојат неброени приказни за негативното влијание на отпадот низ светот. Накратко, „Let’s Do It! World“ се грижи за отпадот затоа што светот веќе не може да издржи вакво неконтролирано натрупување на отпад.

Со помош на податоци собрани од голем број поединци и организации, како и од новите технолошки платформи и иновативни технолошки решенија, како „Azure“, „Let’s Do it! World“ го мапира отпадот низ светот со цел да сортира и да се отстрани, а истовремено го подготвува и Светскиот индекс на отпад  (World Waste platform). На тој начин сите податоци за отпадот се собираат во една платформа и се визуализираат на многу едноставен начин.

Базата на податоци за отпадот ќе му помогне на светот да ја сфати сериозноста на проблемот околу отпадот и да се бори против недостигот на свест за постоењето на таквиот проблем. Се работи за проблем кога милиони тони ресурси истекуваат од економијата, а никој не презема ништо за да се спречи тоа.

Тимос Платсас, директорот на одделот „CEE Philantropies“ во „Мајкрософт“, тврди дека технологијата може да биде моќна алатка во решавањето на проблемот со управување на отпадот. Таа им овозможува на непрофитните организации да станат попродуктивни, поиновативни и да го зголемат своето општествено влијание.

„Во ’Мајкрософт‘ сме многу горди затоа што ги оспособуваме непрофитните организации како ’Let’s do It! World‘ да ја унапредат својата мисија преку дигиталната трансформација што им ја нудиме и, се разбира, да придонесат при поврзувањето на луѓето во создавањето свет без отпад“, вели Платсас.

Кадри Марипу, водителка на тимот за мапирање во „Let’s Do It! World“, вели дека една од главните цели е редуцирање на проблемот со недостиг на свест за постоење на проблем со отпадот.

„Базична цел на фондацијата „Let’s Do It! World“ е да ги обедини луѓето преку соработка, оспособување и подигнување на свеста за проблемот со отпадот. Фондацијата моментално е активна во 128 држави. Тоа значи дека сите мораме да имаме ист проток на информации додека го составуваме планот за чистење на планетата, а технологијата всушност е единствениот начин за реализирање на сето тоа, па за таа цел ги користиме Azure, Office 365 и Skype“,  вели таа.

Инаку, „Let’s Do It! World“ е масовно граѓанско движење кое е покренато во Естонија во 2008 година, кога 50.000 луѓе се обединиле со цел да ја исчистат својата земја за само пет часа. Оттогаш тој модел се проширил низ светот, по принцип – една држава во еден ден. Досега во проектот за отстранување на илегалниот отпад се приклучиле 130 држави и 20 милиони луѓе. Во 2018 година проектот е фокусиран на амбициозната цел за чистење на светот од отпад со значителен напор да се поттикнат 150 држави да се вклучат на само еден ден во невообичаена акција и меѓусебна соработка.

Ако успее проектот, во него ќе се вклучат 5 проценти од вкупната светска популација. Овој број претставува процена на бројот на луѓе што се потребни да создадат трајна промена и да одат чекор понатаму од еднодневен неверојатен активизам.

„Мајкрософт“ е подготвен да испорача технолошки решенија кои се достапни и пристапни за непрофитни организации низ светот. Веруваме дека технологијата може да биде моќна сила која ќе се користи за општо добро иако знаеме дека самата по себе не може да ги реши големите светски предизвици.

Затоа се создаваат партнерства со владите, непрофитните организации и приватниот сектор, со цел да се покрене широка колективна акција.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот