X
 01.04.2018 Живот

Сите сакаат да влезат во државна фирма! Отворени 90.000 работни места, аплицирале 25 милиони лица

Околу 25 милиони луѓе, повеќе од населението во Австралија, аплицирале за околу 90.000 работни места во индиската железница.


Фото: Pixabay

Ова укажува на предизвиците со кои се соочува премиерот Нарендра Моди, кој вети дека ќе создаде нови работни места за време на неговиот мандат. Моди дојде на власт по изборите во 2014 година, ветувајќи економски раст во третата економија во Азија и создавање нови работни места. Сепак, неговата иницијатива „Направи во Индија“, со цел уделот на производството во индиската економија, која тежи две милијарди долари, да се зголеми од 17 на 25 отсто и да отвори 100 милиони работни места до 2022 година, досега не даде резултати.

Државните железници, кои во моментов вработуваат 1,3 милиони луѓе, објавија дека отвориле десетици илјади нови работни места за машиновозачи, техничари, инспектори на шини, столари и разни други занимања. Целта, велат тие, е да се подобри сигурноста на четвртата по големина железничка мрежа во светот.

-Волку голем број апликации покажуваат дека навистина има недостаток на работни места, но дека Индијанците најмногу сакаат работа во државните претпријатија. Мораме да се поместиме од овој вид на размислување - вели Махеш Вијас, раководител во непрофитната истражувачка организација за економија ЦМИЕ.

Индиските железници се најголемиот работодавач во земјата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот