X
 01.04.2018 Живот

Втора Kонференција „Родителството во ХХI век“ - Одличи говорници и совети за среќни деца и нивен правилен развој

Среќното семејство значи и среќно дете, а доколку родителите стасаат до развод има начин како детето тоа најдобро да го прифати беа дел од пораките на втора конференција „Родителството во ХХI век“, која која се оддржа во организација на „Касиа ивентс“. Бројните посетители во позитивна атмосфера, преку предавањата на одлични говорници низ многу примери добија препораки и насоки за одговорно и успешно родителство, како и правилен развој на децата.



Прим. д-р Марина Поп Лазарова, педијатар – неонатолот зборуваше за тоа како семејството успешно да се подготви за новиот член. Психологот Тина Дамеска, пак зборуваше и советуваше за тоа како се гради среќно семејство, а со тоа и среќно дете. На посетителите им се обрати и Нада Бучевиќ, професор по кинезиологија и едукативен советник која вели дека успешното родителство се учи, а децата се одраз во огледалото на родителите.



Катина Павловска, специјалист по медицинска психологија објасни како со тинејџерите, додека Јосиф Дамјанов, консултант за исхрана порача дека промените за правилна исхрана кај децата почнуваат од дома, од родителите, каде што и низ пример учат за потребата од физичка активност.
Д-р Мери Бошковска, психијатар за деца и млади зборуваше за тоа како да се заштитат децата за време на развод на родителите.

- Од начинот на кој родителите се разведуваат и го прифаќаат разводот зависи тоа како детето ќе го прифати и дали ќе има проблеми. Родителите мора да имаат одговори на прашањата на децата, кои сакаат сигурност, безбедност и предвидливост – рече д-р Бошковска.

Ранко Рајовиќ, лекар специјалист по интерна медицина, автор на програмата НТЦ систем на учење зборуваше за развојот на мозокот и грешките на родителите.



- Да ги учиме децата да мислат. Македонија е последна на листата земји во Европа според тоа колку имаат функционално знаење. Потребна е едукација и на родителите, но и на настаниот кадар за да стекнуваат функционално знаење – порача Рајовиќ, потенцирајќи дека најдобро и најлесно се учи низ игра.

За важноста на мајчиниот јазик кај децата говореше филологот Веселинка Ковачева, заменик-административен директор на училиштето ЕФИС.



- Јазикот е најважен подарок за вашето дете. Пожелно е да го користите јазикот кој е најприроден, а тоа е мајчиниот јазик – рече Ковачева.
Подготвил: Наташа Бошковска-Златкова

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот