X
 03.04.2018 Живот

Една третина од административците се со високо образование, 1,61 отсто се доктори на науки



Во Македонија 2.068 доктори на науки и 4.861 магистер работат во јавната администрација, велат податоците од Регистарот за вработени во јавниот сектор што го изготви Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 128.772 лица работат во 1.299 институции.
Најголем дел од вработените се со високо образование (46.405), со средно се 38.045, 10.570 се со основно. 495 лица се без никакво образование, 202 се полуквалификувани, 404 се квалификувани, 547 се висококвалификувани, 5.707 се со вишо образование.
Во Извештајот е направена анализа на структурата на податоци за 109.304 вработени во јавниот сектор, од кои 58.564 се жени, а 50.740 се мажи.
Просечната старост на овие вработени изнесува 45,8 години. Кај жените просекот е 45,1 години, додека кај мажите 46,6 години. Најмногу вработени има на возраст од 46 до 55 години (32.818), од 36 до 45 години (28.029), а од 26 до 35 се 21.529 административци.
Што се однесува до етничката структура, 82.374 се Македонци, 21.112 се Албанци, 2.012 се Турци, 994 се Срби, 1.245 се Роми, 429 се Бошњаци, 408 се Власи, а 730 се други или не се изјасниле.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот