X
 04.04.2018 Живот

Дефект во системот на „Евроконтрол“, можни се одложувања на летовите во Европа

Речиси половина од авионските летови во Европа би можеле да бидат одложени поради дефект во еден од системите што го контролираат авионскиот сообраќај. „Евроконтрол“ соопшти дека речиси 15.000 летови би можеле да имаат одредено одложување. Се очекува проблемот да се реши до вечерва, соопштија оттаму.


Фото: Pixabay

Проблемите настанале поради пад на системот кој им помага на контролите на летот да го споредат капацитетот на различните воздушни коридори.

- Никогаш досега не сме имале вакво нешто - истакна портпаролот на „Евроконтрол“.

Неколку европски аеродроми ги известија патниците дека може да има доцнење на голем број летови.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот