X
 04.04.2018 Живот

Кога бев дете со Тијана Дапчевиќ – Бев доктор за џамлии!

Имав прекрасно детство со сите нишани и со огромна љубов од родителите. Тие се мојот ветер во грб, луѓе кои се занимавале со мене, во вистинска смисла на зборот. Тоа денес ретко постои. Се трудам моето дете да го воспитувам во тој дух, со многу љубов и разбирање. Морам да најдам време за моето дете, тоа е најважното нешто што треба да го направиш во денот – вели Тијана



Дома – немирка, во градинка – бубалче, вака накратко би ја опишале пејачката Тијана Дапчевиќ. Ја избравме да биде првата позната личност што сакаме да ја вратиме во детството, да ни сподели како растела, какво дете била, што сакала да игра…
Таа вели дека кога била мала, дома била пргаво дете, додека во градинка збор не се слушало од неа.

– Дома бев монструм, антихрист. Кога мајка ми одела во градинка по мене, нозете ѝ се враќале. И постојано ѝ се чуделе воспитувачките: „Тијана? Па,Тијана не се слуша! Си пее, црта или си прави муабет сама со себе, си игра со другарчињата, бубалче!“ А дома – хаос. Нешто како Доктор Џекил и Мистер Хајд – се шегува Тијана.

Целиот текст може да го прочитате на деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот