X
 06.04.2018 Живот

Човек во Америка осуден на 10 години затвор поради злоставување на куче

куче
Фото: Screenshot/Youtube

Во американската сојузна држава Масачусетс е донесена пресуда која за нас, како држава, може да се нарече историска. Полјакот Радослав Церкавски е прогласен за виновен поради злоставување на куче и е казнет на 8 до 10 години затвор.

Осуден е на суд во Дедхам во Масачусетс затоа што пред 5 години бил насилен кон неговото куче - едногодишна женка, мешанка од пит бул, која поради тешките повреди на крајот морала да биде еутанизирана.

Ќе биде депортиран назад во Полска

Пресудата била изречена минатата недела, а обвинетиот е прогласен за виновен по 12 точки поврзани со насилство кон животните. Откако ќе ја одлежи затворската казна, Церкавски ќе помине две години на условна слобода, а ќе добие и забрана за поседување или било каков контакт со сите видови на животни. 37-годишниот Полјак по излегувањето од затвор ќе биде депортиран назад во Полска.

Сепак, Церкавски од затвор нема да излези за брзо време, бидејќи освен затворската  казна поради насилство врз кучето, моментално ја одлежува казната од 2015 година, кога од постара жена за која се грижел, украл 130.000 долари. После оваа казна го чека новата.

2
Фото: Screenshot/Youtube

Кучката Кија Церкавски ја набавил преку порталот „Креглист“ на почетокот на 2013 година. Во август била пронајдена на игралиштето во Квинси во Масачусетс со бројни фрактури на 'рбетот и ребрата, со убодна рана во окото и исечен јазик. Кога била пронајдена, изгладнета, масакрирана и напуштена, кучката во јавноста стана позната како Папи До, а сопственикот во текот на судењето изјавил дека е негова, меѓутоа избегала и некој друг брутално ја измачувал.

Злоставувањето на Кија ги поттикна активистите од цела Америка, а Церкавски во затворот започнал да добива и закани. Според претседателката на „Лигата за спасување на животните“, Мери Неј, пресудата е од историско значење. „Тажниот и краток живот на Папи До е почеток на борбата за посилни закони што ги штитат сите животни“, изјави таа.

За случајот со Папи До, снимен е и документарен филм.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот