Секојдневно во ординацијата во која работам се среќавам со пациенти од најмала возраст до возрасна популација. Сѐ поголем е бројот на пациенти со горнореспираторни инфекции (Rhynopharingitis, Laryngitis I Tonsillitis ac.), кои веќе не се сезонски заболувања, туку целогодишни. При земањето анамнеза сѐ почесто ги слушам одговорите за веќе земената терапија на своја рака кај возрасните или со одлука на родителот за децата, уште пред да дојдат во ординација кај нас и уште пострашно ‒ терапијата е антибиотска.
Овие лекови им се останати од претходни лекувања, земени од роднини... И освен што сами одредиле терапија, што значи дека може да станува збор за погрешен лек, многу често сами одредиле и неправилни дози.
Советите на Д-р Андреа Николова-Пауновиќ, матичен лекар, прочитајте ги на
Деца.мк