X
 18.01.2022 Живот

Бенигна простатична хиперплазија (БПХ)

БПХ е заболување кај машката популација. Во урологијата БПХ зазема една од почестите патологии.
Инаку, простатата како орган кај машката популација се наоѓа во заден долен ѕид на мочен меур и горен заден ѕид на машката уретра. Има форма на костен и има еластична конзистенција.
По 40-тата година, кога веќе почнува дисбаланс на машките хормони, почнува да расте и самата простата.

Анатомско-хистолoшки простата се состои од три ткива:


1.Гландула (жлездено)
2.Мускуларно
3.Фиброзно ткиво

Гландуларното/жлезденото ткиво е одговорно за зголемувањето на самата простата, инаку во секојдневната работа во уролошката амбуланта БПХ е многу честа патологија, многу често жената, односно сопругата е таа што ќе го донесе сопругот на преглед, ова го потенцирам не случајно бидејќи „квалитетот” на животот во бракот почнува да се менува, се јавуваат чести ноќни мокрење, капење при мокрење.


Д-р Гази Мустафа
Помалку од половина од сите мажи со БПХ имаат симптоми кои вклучуваат:

-бавно или одложено мокрење
-слаб млаз
-нецелосно празнење
-наизменично (лажен прекин при празнење на мочниот меур)
-капење (капе урина што трае неколку секунди на крајот на мокрењето и е знак дека детрусорот веќе не може да го држи силниот млаз)
-ноктурија (треба да уринирате 2-3 пати во текот на ноќта)
-дизурија (болка во мокрење)
-хематурија (присуство на крв во урината)
-заостаток на урина (задржување урина)
-итно мокрење (силно и ненадејно мокрење)
-инконтиненција (неконтролирано истекување урина).

Дијагнозата на БПХ се поставува врз база на одреден алгоритам кој опфаќа:
Меѓународен простата симптом скор (IPSS) е интернационален стандард и е корисна алатка за процена и следење на влијанието на СДУТ врз квалитетот на животот кај мажите.
Се заснова на анкетирање со прашалник подготвен од АУА/ЕАУ.

Тестови на крвта

Рутинските тестови на крвта се корисни како дел од основната процена, особено ако постои клиничко сомневање за бубрежно оштетување или инфекција.

Уронализата обично е едно од првите истражувања што треба да се преземе, пред сè, за диференцирање на симптомите предизвикани поради инфекции на долниот уринарен тракт, но, исто така, може да помогне и во дијагностицирањето на болестите кои можат да дадат хематурија како симптом (на пр., камења на мочниот меур) или гликозурија (на пр., дијабетес милото).

Уринокултурата, исто така, е корисна за диференцирање на присутната инфекција и правилно лекување по антибиограм.
Тест за специфичен антиген (ПСА) на простата – Тест на крвта за тестирање специфичен антиген на простата (ПСА) се препорачува за сите пациенти за кои постои сомневање дека имаат тегоби на простата за дијагноза на карцином на простата.

Дигиторектален преглед (преглед на простата со прст преку задното црево) открива зголемена и мека простата.

Степенот на проток на урина (Uroflow) може да се мери (кај мажи со БПХ, помал е од 10 ml во секунда).

Мерење на преостаната (ресат) урина (количина на урина што останува во мочниот меур по мокрење) и големина на простата со ултрасонографски преглед.

Тест на уринарниот притисок за време на мокрење: Може да се мери притисок на мочниот меур за да се потврди дијагнозата или да се најде блокадата.

Цистуретрограм.
Цистоскопија – набљудување на простатата и мочниот меур.
Третман

Третманот на БПХ може да се подели во три групи:

Активно следење
Медикаментозен третман
Хируршко лекување

АЛФА-1-БЛОКАТОРИ: Денешната терапија за бенигна хиперплазија на простатата вклучува употреба на алфа-1-блокатор: тамсулозин.
Овие лекови може да се користат за лекување бенигна хиперплазија на простатата, бидејќи ги релаксираат мускулите на вратот на мочниот меур и го олеснуваат мокрењето.

Инхибитори на 5алфа редуктазата: Дутастерид/Финастерид Овој лек го намалува нивото на хормонот во простатата и со тоа ја намалува нејзината големина.
Ја зголемува стапката на проток на урина и на тој начин ги намалува симптомите на бенигна хиперплазија на простатата. Понекогаш се потребни шест месеци за да се постигне големо подобрување.
Сепак, можните несакани ефекти поврзани со употреба на овие лекови вклучуваат намален сексуален нагон, импотенција и гинекомастија.

Фосфодиестераза инхибитори

ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН – Хирургијата обично е иницирана кај мажи со симптоми на инконтиненција, крв во урина, задржување урина и рекурентни инфекции на уринарниот тракт. Изборот на специфична операција обично зависи од сериозноста на симптомите и големината и формата на жлездата на простатата.

Хируршкиот третман вклучува:

-Tрансуретрална ресекција на простатата (TURP)
-Tрансуретрална инцизија на простатата (TUIP)
-Трансуретрална аблација (TUAI)
-Ласерска хирургија (HoLEP)
-Отворена простатектомија.

Автор: д-р Гази Мустафа

Издвојуваме

Живот