X
 18.04.2018 Спорт

Дес Линден, победник на Бостонскиот маратон, советува како да истрчате до целта

Шампионката на Бостонскиот маратон - Дес Линден испиша историја. Таа е првата Американка што победи на маратонот во 1985 година.

Линден ги претставуваше САД на Олимписките игри во Лондон во 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година. Минатата година таа изјави дека кога се вклучила во светот на трчањето, мислела оти настанот е „лудило“, но потоа стана доминантна фигура во маратонското трчање.

Линден има неколку совети како да се подготвите за успех во големата трка. Еве како:


Осигурете се дека сте одлучиле да трчате поради вистинските причини

- Многу луѓе што трчаат првпат мислат дека маратонот е секси - вели Линден.

Таа додава дека е подобро да се тестирате со пократки трки наместо да се впуштате директно во маратон.

- Ако не сте вистински подготвени за тоа, веројатно нема да ви се допадне. Дајте си шанса да се заљубите во маратонот, а тоа се прави така што ќе бидете трпеливи и полека ќе се градите како маратонец. Ако можете да се вљубите во процесот, тогаш можете да трчате цел живот, што е прилично неверојатно - истакнува маратонката.


Фото: Business Insider

Обврзете се и регистрирајте се


За оние што допрва треба да го трчаат маратонот, Линден вели дека самото тоа што ќе се регистрираат може да биде огромна мотивација. Регистрирањето и плаќањето за трката ќе ја утврдат вашата посветеност и ќе ја зголемат вашата одлучност.


Набавете ги вистинските обувки

Линден советува никогаш да не избирате обувки поради добриот изглед или цената. Наместо тоа, таа препорачува да одите во продавница каде што се продаваат само обувки за трчање, особено ако ви треба помош да ги изберете вистинските за вас.


Фото: Business Insider

Не претерувајте

Треба да бидете истрајни. Линден вели дека пренапорното тренирање или пребрзото зголемување на километражата може да биде катастрофално за еден маратонец.


Јадете здрава храна

Внесувањето доволно калории е клучно за долгото трчање.

- Ако треба да изберам меѓу нешто што не е толку фантастично и ништо, ќе изберам да јадам што има на располагање - вели Линден.

Сепак, маратонците треба да носат добри одлуки кога го полнат фрижидерот, додава таа. Истакнува дека секогаш кога може, избегнува храна од кеси и кутии и се држи до свежата храна. Во текот на деновите пред маратонот Линден јаде само едноставни јаглехидрати, како бел ориз, за да нема проблеми со стомакот дента на трката.


Многу сон за соземање на вашето тело

- Сонот е најлесен начин за соземање. Најдобрата алатка за соземање што ја имате е вашиот кревет. Наспијте се. Тоа ќе му овозможи на вашето тело да закрепне и да биде подготвено за следниот ден - советува Линден.

Науката ја поддржува во ова. Слабиот сон не само што ги става атлетичарите во ризик за повреда, туку игра и витална улога во закрепнувањето од повреди.


Пред трката земете длабок здив и релаксирајте се


На денот на трката, Линден вели дека се труди да не биде совладана од исчекувањето.

- Кога сте на стартната линија, возбудени сте бидејќи пред вас е нешто големо и имате многу можности. На некој начин морате да ги зауздате сите тие мисли и да бидете многу релаксирани и фокусирани - вели маратонката

linden

Фото:Wikipedia
Не залажувајте се - трчањето маратон е тешко

- Без оглед на сѐ, ќе биде тешко. Треба да очекувате дека ќе биде тешко. Тоа е тежок настан. Но, можете да добиете одлично искуство - вели Линден.

Таа истакнува дека кога ќе истрча околу 20 милји од маратонот, почнува да трча со срцето наместо со главата.


Кога трчањето ќе стане тешко, запомнете дека сте издржлви


Линден вели дека многу луѓе дознаваат многу работи за себе преку трчањето маратони.

- Обично дознаваат дека се многу посилни отколку што мислеле - објаснува таа.


Ако почувствувате дека сте се измориле, потпрете се на вашиот тренинг


Линден вели дека со тренирањето дознавате колку далеку можете да одите.

- Кога ќе почне да станува тешко, ќе си помислите: „Секој ден истрчував и беше добро“. И ќе продолжите - вели таа.


Фото: Business Insider

Штом ќе го завршите маратонот, дајте си време за закрепнување


- Закрепнувањето почнува штом ќе ја преминете целта - вели Линден.

Таа препорачува да јадете банана или енергетски бар во рок од три минути по завршувањето на трката. На повеќето маратони има станица каде што се подава храна.

Тогаш треба да направите заслужена пауза. Линден воопшто не тренира две недели по трката. Таа вели дека тоа време е клучно и ѝ помага да се возбуди за она што е на хоризонтот.


Фото: Business Insider

На Бостонскиот маратон трчаа и двајца Македонци, Атанас Наумов и Ангел Арнаудов, кои воедно успеаја и да ги завршат шесте светски маратони. Советите на Линден може да бидат корисни за  планираат да трчаат на Wizz Air Скопскиот маратон, кој ќе се одржи на 6 мај.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт