X
 18.04.2021 Наша тема

Мила Ивановска ќе студира на „Харвард“, аутизмот не е пречка да се матурира, кога се пишуваат неоправдани во онлјан-наставата...

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

Марко Ѓоргиевски, директор на НАЕПМ: Ќе го вратам угледот на Агенцијата, парите од европските фондови правично ќе се распределуваат: Серијата скандали и сомнежи за злоупотреби на средства од страна на претходното раководство, за кои се водат истражни постапки во надлежните институции, предизвикаа низа промени во агенцијата. Меѓу другото, ќе бидат ангажирани надворешни експерти – евалуатори, со што ќе биде формирана нова база на стручни лица кои ќе ги оценуваат проектите, процес кој ќе се спроведува во консултација со нашиот национален авторитет, вели Ѓоргиевски

Лагите, заблудите, предрасудите, стереотипите и дискриминацијата – моделите на современото суштествување: Како е можно аспекти кои би требало да важат за време кое поминало и се должеле на неукост, затвореност на умот и ниското дефинирање на личните плафони, сè уште да бидат толку силни и способни да ги изнедрат и да ги одржат во живот дефокусот, спинот, дезинформацијата и еклатантните невистини?

Аутизмот не е пречка за Ружица да матурира во музичко. Свири на три инструменти, изучува танци и е среќна на училиште: Од Ружица научив како да бидеш искрен и да си кажеш што мислиш во моментот кога со нешто не се согласуваш, вели професорката Тасева-Илиевска. Ружица, пак, вели дека најмногу ја засакала и почнала да ја изучува музиката откако се запишала во средното музичко училиште.

Тешко е да кажете „не“ кога ќе ве примат на „Харвард“, вели Мила Ивановска од Битола. Универзитетот ќе ѝ ги покрие сите трошоци: „Кога ни пристигна потврдата дека сум примена на 'Харвард', два дена со моите родители не можевме да поверуваме дека тоа е вистина. Пресреќни сме“. Вака една од најнаградуваните средношколки од Битола, Мила Ивановска, која годинава е матурантка во гимназијата „Јосип Броз Тито“, го опишува чувството откако успеа да се запише на најпрестижниот и најелитен американски универзитет - „Харвард“ во Масачусец, САД.

И да сакаме, не можеме да бидеме полицајци, велат професорите. Во кои случаи се запишуваат изостаноци во онлајн-наставата? Дали преспиениот час значи неоправдан или професорите имаат разбирање за учениците и им прогледуваат низ прсти? Има ли проблем со дисциплината кога станува збор за онлајн-наставата?


Издвојуваме

Наша тема