X
 18.07.2021 Наша тема

Каде ќе студирате, ДИЦ ќе набавува лаптопи за средношколците за ПИСА, невработеноста во земјава... Што пишувавме неделава

Што истражувавме неделава...

Колумна која се вика „Приказна без наслов“: Виновни ли сме ако не сме ги научиле дека едро кренато за еден метар значи ветер од еден метар кој ќе го движи нанапред?

ДИЦ набавува лаптопи за средношколците да полагаат ПИСА. Ќе се носат од училиште во училиште: Тестовите ќе се полагаат на лаптопи што ги набавуваме ние. Во моментов немаме доволно, но набавуваме постепено. Имаме набавено 20, Светска банка ќе ни обезбеди 70, а ќе имаме дополнително уште уреди. Еден ден ќе се оди во едно училиште да полагаат на лаптопите, друг ден во друго училиште, вели Наумовска.

Анкета за идните студенти: На кој факултет ќе се запишете? Правници, лекари или економисти, машински инженери или програмери... Младите периодов се пред важна одлука за изборот на идната професија. Кој е вашиот избор за студирање, дали одлучивте каде ќе се запишете и зошто?

Александар Адамовски: Летниот распуст за учениците започна, а за наставниците? Речиси сите ние што сме дел од воспитно-образовниот процес имаме едногласна желба - од септември да се вратиме во училниците заедно со учениците.

Интервју со м-р Дејан Геговски, градежен инженер: Посветеноста и одговорниот пристап ме донесоа до „Инженерски прстен“: Уште од мали нозе им се восхитував на градбите, особено на помаркантните и оние древните грандиозни градби. Често гледав документарци во кои предмет на истражување беа токму ваквите градби, а начинот на кој ги анализираа особено ме заинтригира. Најверојатно оттаму се родија желбата и интересот кон градежното инженерство, се потсетува Геговски.

Ем расте невработеноста ем немаме работници: Економистите укажуваат дека и покрај недостигот на работници во одредени дејности, во следниов период не може да се очекува нагол раст на економијата, а со тоа и голема побарувачка на работна сила.

Иновациите на професорот Димитрија Ангелков - подвижен респиратор, паметни канти... се како вруток, постојано извираат од практичните потреби: Иновациите на професорот Димитрија Ангелков од Кавадарци во 2020 година, кога пандемијата на коронавирусот зеде широк замав во Македонија, ѝ дадоа надеж на јавноста дека земјата може сама да пронајде решенија во медицината кои ќе им помогнат на граѓаните што полесно и побрзо да се надмине здравствената криза.



Издвојуваме

Наша тема