X
 19.04.2021 Живот

ИТ-професионалците подготвени за новиот почеток – Инфинити енерџи ИТСС започнува да работи на високите цели

Новата компанија, која е дел од меѓународната Infinity групација, веќе ги прави првите чекори кон остварувањето на целта – да ги донесе светските трендови во дигитализацијата кај нас, и тоа преку градење цврст тим од домашни ИТ-професионалци.

Главната визија на Инфинити енерџи ИТСС е активирање на искуствата и знаењата на тимот во правец на обезбедување најквалитетни решенија во областите информатички технологии, енергетика, дигитално архивирање и електромобилност, со што ќе помогнат во унапредувањето на решенијата за клиентите, но и за целата заедница.

За оваа визија сведочи и Сашо Симјановски, кој долгогодишната кариера во банкарскиот сектор ја „замени“ со кариера во групацијата Инфинити. За него, ова бил голем предизвик за кој е потребна храброст, но истовремено и можност која не сакал да ја пропушти.

- Со информатички технологии се занимавам речиси цел живот, тоа всушност беше и мојата работа во банкарскиот сектор, која траеше 12 години. Кога ме контактираа од групацијата Infinity International со понуда заедно да ја градиме новата домашна компанија како најмлада членка на групацијата, одлучив да го прифатам предизвикот. Верувам дека имаме голем потенцијал да го оствариме она што го имаме зацртано и дека отсега ме очекуваат уште поинтересни предизвици на откривање решенија кои ќе придонесат кон унапредување на домашните компании и воопшто на целото наше општество - вели Сашо, раководител на информатичкиот сектор во Инфинити енерџи ИТСС.


Сашо Симјановски

Во неговото професионално искуство има достигнувања кои се вредни за пофалба, меѓу кои успешно реализирани големи проекти и многубројни мајкрософт-сертификати, но сепак, новата позиција е малку поинаква.

- Светот на информатиката е целиот мој свет. Поминав многу семинари и конференции кај нас и во странство, многу проекти, но тука во Инфинити сѐ е поинаку. Се работи за навистина големи и разновидни проекти и технологии со кои се сретнувам првпат, меѓу кои е SAP и Smart City. Навистина сум среќен што ќе имам можност да работам на континуирано усовршување и збогатување на моите знаења, што воедно им го препорачувам на сите - објаснува Симјановски.

Тој наскоро очекува засилување во секторот што го води со уште неколку ИТ-професионалци со кои по пријавувањето на отворениот конкурс веќе се остварени интервјуа. До крајот на годината планирано е неговиот тим да брои триесетина луѓе.

Во новата компанија што ја градат домашни стручни лица верува и Влатко Бојковски, дипломиран инженер по информатички науки, кој дошол во Инфинити од голема софтверска компанија.

- По 8 години искуство, колегите ме викнаа да почнеме да работиме на нешто сосема ново. Не можам да се сетам на поголем предизвик од овој бидејќи крајната цел ни е да ја примениме најдобрата светска практика во областа на дигитализацијата во нашата држава, па и во регионот - вели Влатко.


Влатко Бојковски

И тој се радува на доаѓањето на новите, искусни колеги, но верува и во потенцијалот на помладите кои се сѐ позаинтересирани за светот на информатичките технологии.

- Практиката и статистичките бројки покажуваат дека во последните 3 години младите се особено заинтересирани за работа во ИТ-секторот. Во просек, на информатичките факултети годишно се запишуваат по 1.500 студенти, од кои 800 излегуваат оттаму како инженери. Има и многу преквалификации како девелопери, но поголемиот дел од нив работат за странски компании и пазари. Нашата цел е да ја промениме оваа слика и сигурен сум дека ќе успееме - истакнува Бојковски.

Конкурсите за приклучување на тимот на Инфинити енерџи ИТСС се отворени и се достапни на веб-страницата на компанијата, како и на социјалните мрежи.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот