X
 19.07.2026 Живот

За најдобрите студенти на ФИНКИ, Правен и на Педагошки факултет при УКИМ... Што пишувавме неделава

Никола Петровски, првенец на ФИНКИ со просек 10, сега магистранд на „Оксфорд“: „Работам во истражувачки ориентирана средина каде што се охрабрува критичко размислување“

„Натпреварите ми покажаа дека преку информатиката може да се комбинираат логика, креативност и практично решавање проблеми и тоа искуство ми помогна во одлуката да студирам компјутерски науки“, вели Никола Петровски, кој беше прогласен за еден од најдобрите дипломирани студенти

Филип Стоилков, најдобар студент на Правен со просек 9,88: „Не му требаат драстични промени на правниот систем, туку на луѓето што оперираат во него

Го заврши првиот циклус студии на Правниот факултет за три години со просек 9,88. Филип Стоилков е прогласен за еден од најдобрите студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Уште во 2025 година се запиша на втор циклус студии и веќе ја заврши првата година. Во иднина се гледа себеси како успешен адвокат.

Доротеа Камчевска, најдобар студент на Педагошкиот факултет при УКИМ со просек 9,90: „Задржувањето и поддршката на младите професионалци е инвестиција во иднината на целото општество“

Успехот и вложениот труд на најдобрите студенти треба да бидат препознаени и вреднувани не само преку признанија, туку и преку конкретни можности за професионален развој и вклучување во системот. Потребни се поголеми можности за младите и успешни кадри да го покажат својот потенцијал, вели Доротеа Камчевска, прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти во академската 2024/2025 година на УКИМ.


Издвојуваме

Живот