X
 20.01.2025 Наука

Пронајдени мистериозни кругови на земја стара 1400 години: Откриваат скриени и свети локации

Овие структури, лоцирани на земјата на абориџинскиот народ Вурунџери Вои-вуррунг, сведочат за длабоката поврзаност на Абориџините со нивната татковина. Неодамнешните археолошки истражувања ги споија традицијата и науката за да ги откријат тајните што овие земјени прстени ги чувале со векови.

Една неодамнешна студија објавена во списанието „Австралиска археологија“ ги комбинира археолошките истражувања со традициите и знаењето на народот Вурунџери Вои-вуррунг. Истражувањето го продлабочува разбирањето на историјата на Австралија, која опфаќа повеќе од 65.000 години. Земјените прстени, познати низ целиот свет, како оние во Англија и Амазон, во Источна Австралија често се поврзуваат со церемонијални и иницијациски ритуали.

По колонизацијата, многу од прстените биле уништени, а останале стотина, додека само неколку се снимени во Викторија. Во областа Санбери има пет такви формации, кои се сметаат за свети од народот Вурунџери Вои-вуррунг. Овие прстени не само што одразуваат историја на отпор и адаптација, туку и постојана одговорност кон земјата што нивните предци ја нарекуваат дом.

Во текот на 2022 година ново археолошко ископување на еден од прстените, наречено „Санбури Рин Џи“ , било спроведено под водство на народот Вурунџери Вои-врунг. Овој локалитет, значаен по церемониите, се наоѓа помеѓу териториите на клановите на Марин булук и Вурунџери вилам. Првите археолошки работи на овој локалитет датираат од 1979 година, а новото истражување вклучувало анализа на артефакти пронајдени во тој период. Датирањето на прстенот открива дека е создаден пред 590 и 1400 години. Пронајдените камени алатки укажуваат на различни намени, како подготовка на храна, украсување и церемонијални активности.


Овие студии не само што ја потврдуваат важноста за зачувување на овие прстени, туку ја нагласуваат и потребата за понатамошна работа, особено имајќи ги предвид заканите што ги носат урбанизацијата и климатските промени. Комбинацијата на научни методи и традиционално знаење покажува како може да се зачува минатото за идните генерации.

Извор: klik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Наука