X
 20.02.2021 Живот

Онлајн-мапа ви овозможува да ја слушате која било радиостаница во светот

Радиото е основен дел од современиот свет - дури и ако не го слушате секој ден, не можете да го занемарите културното влијание што го имаше низ годините. Од првото појавување, радијата се користеа за емитување важни пораки и соопштенија, а подоцна имаа позабавна улога, вклучително и емитување песни, претстави и шоуа.

Без традиционалното радио немаше да го имаме ниту дигиталното. Додуша, во денешно време, никој не очекува да вклучите вистински радиоуред - сè е интегрирано и достапно каде и да сте. Може да слушате музика додека возите автомобил, може да слушате додека вежбате и, ако сте особено љубопитни, можете да слушнете вести и од странство - сето тоа со помош радиото. А во денешно време е полесно од кога било откриете што слушаат другите земји.

radio garden
Фото: Radio Garden

„Радио гарден“ е одлична услуга што им овозможува на корисниците да се поврзат со станици од целиот свет, без ограничувања и одложувања. Сè додека можете да ја најдете станицата на нивната мапа, можете да ја слушате. Сè што ви треба е интернет-врска (наместо традиционалните радиобранови) и подготвени сте! Како што вели Дејвид Поуг (@Pogue на Твитер), овој радиосервис е како „телепорт на културата“.

Така, не е изненадување што работи како Топ-10 листа и графикони се разликуваат од место до место. Различни земји имаат различен вкус за музика, па можете да ја користите оваа платформа за да добиете увид во музичката сцена на друга земја, па дури и на континентот.

Ако сакате да видите како функционира „Радио гарден“, тоа можете да го направите ТУКА.

Извор: Bored Panda
Фото: Radio Garden
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Живот