X
 20.08.2021 Стипендии

Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија

Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2022/2023 година ќе додели 20-30 стипендии за висококвалификувани млади дипломирани студенти од разни области, со можност да го продолжат школувањето на истражувачки, докторски и постдокторски студии на швајцарските реномирани универзитети и институции, соопшти Министерството за образование и наука.

Оттаму нагласуваат дека стипендиите не се однесуваат на специјалистички и постдипломски студии.

Подетални информации за трите вида стипендии, важечки за македонските студенти, може да се најдат во прикачените документи на страницата на МОН, како и на страницата на Амбасадата на: www.eda.admin.ch/north-macedonia.

Огласот е отворен од 1 август 2021 година, а краен рок за аплицирање е 12 ноември 2021 година преку Амбасадата на Швајцарската Конфедерација во Скопје.
Активен до:    12.11.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии