X
 20.11.2020 Живот

Сепарационен страв - кога детето се плаши од напуштање на родителите, особено на мајката

Кога детето вреска, плаче, турка, протестира... и сè што спаѓа во оваа категорија на однесување, значи дека тоа е доволно големо за да знае што сака, но сепак мало за да може да им ја каже оваа потреба на најблиските. Доколку вашето дете нема други проблеми, се мисли на стомачето, исхраната итн., тогаш нема потреба да инсистирате на шише, рековте дека го турка, не го сака, веројатно не му е ни потребно.
Ќе го споменам сепарациониот страв (сепарационата анксиозност) кој почнува да се јавува во овој период кога детето се плаши од напуштање на родителите, особено на мајката, па поради тоа заспивањето може да биде стресно - бидејќи знае дека тогаш на некој начин ќе се одвои од родителите, па затоа протестира и се бори.

Ова е одговор на прашање на читателка што го дава дефектологот и психотерапевт Билјана Манасова-Јовановиќ.
Остатокот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Живот