X
 21.05.2023 Живот

Плановите на кандидатите за ректор, само 11 матуранти во Македонски Брод... Што пишувавме неделава

Асистенцијата на децата со аутизам од основното треба да продолжи и во средното образование, вели Анита Младеновска, специјален едукатор и рехабилитатор

Најголемиот број средношколци со аутизам или учат во специјалните училишта, кои се многу малку, или пак се вонредни ученици бидејќи одењето во училиште знае да биде поголема траума отколку некакво задоволство, или пак да има полза. А многу остануваат со основно и понатаму не продолжуваат со образованието, вели Ирена Лозана, мајка на дете со аутизам

„Втора шанса“ за 200 невработени лица што не го завршиле своето стручно средно образование

Имплементацијата се реализира во соработка со училиштата за стручно образование, кои добиваат месечен надоместок за секое лице вклучено во образовните програми за завршување на стручно образование. Образовната програма за завршување на стручно образование и стекнување државна признаена диплома ќе се реализира до крајниот рок за имплементација на проектот до март 2024 година

Какви се плановите на кандидатите за ректор на УКИМ: Христина Спасевска, Димитар Ташковски и Ратко Дуев

Високото образование е клучно за развојот на секоја држава, а за неговиот развој, универзитетите мора да имаат кадровска и финансиска автономија. Не смее да има постојани измени на Законот на високо образование што го парализираат неговото функционирање. Во време на засилени миграции и пад на бројот на потенцијални студенти, потребни се законски измени за олеснување на наставната и научната работа, за полесно да се вклучиме во глобалното високо образование, истакнува професорот Ратко Дуев.

Во Македонски Брод годинава има само 11 матуранти: „Државата мора да ги поддржи и учениците што остануваат да учат во родниот крај“

Државата да ги поддржи учениците од малите места кои остануваат да учат во родниот крај - апелира Жарко Стојкоски, директор на СОУ „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод

Какви се плановите на кандидатите за ректор на УКИМ: Биљана Ангелова, Атанас Кочов и Горан Ајдински

Во Македонија има над 30 високообразовни установи, а тоа е преголема бројка за постојниот број на матуранти, кој во последниве 5 години е околу 15.000, додека во Европа стандардот е еден универзитет на 2 милиона жители, вели Биљана Ангелова

„Пчелните производи се целосно природни лекови кои немаат несакани дејства“, вели пчеларката и фармацевтка Магдалена Јанчова

Улогата што ја имаат пчелите во природата, нивната недоволно истражена природа - фасцинира. Нивната совршеност, организираност, како се грижат едни за други. Покрај тоа се и здравствените придобивки што ги имаме од нивните производи, мед, млеч, перга, за кои веќе сите знаеме дека се големи, кои исто така ми причинуваат задоволство, вели пчеларката Магдалена Јанчова

Издвојуваме

Живот