Саемот на кариера и вработување 2019 ќе се одржи утре од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Агенцијата за млади и спорт обезбеди над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.
Саемот е наменет за сите млади што бараат пракса, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ-едукација, програми за работа надвор од државата, Еразмус+ проекти, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.
Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.
Дел од компаниите учесници на Саемот за кариера и вработување се: Алкалоид АД Скопје, Македонски Телеком, Халк Банк, ПроКредит Банка, Креатив Хаб. Нелт СТ, Коузон, Рамстор, Тинекс, Кожувчанка, ЦМХ Солушнс, Кроациа Осигурување - Живот АД,, Рапсоди Травел, БалканФан Травел, Ескејп Травел и многу други кои нудат вработување или стручна пракса.