Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година, изнесува 27.535 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 109,6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (20,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (16,9 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (13,2 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (18,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (9,0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,7 %).