X
 23.06.2019 Забава

Батали сѐ - лето е!

Сити Радио, Клуб фм и Метрополис Радио Мрежа ова лето ќе ги сретнете низ најубавите скопски маала.

Идејата на овој летен концепт на радијата е да се внесе свежина во етерот со малку поинаков начин на комуникација со публиката. Летните горештини ги тераат луѓето на одмор, смиреност, опуштеност.... Со овој наш концепт се надминува монотонијата на летните месеци, дозволувајќи нова енергија да проструи низ скопските улици и во градскиот етер. Радиото е медиум кој не се гледа, туку се слуша, но овој пат целта ни е градот да ги запознае своите омилени водители, да ги сретне, и да ги дружи.

Секоја втора сабота од месецот, почнувајќи од 22 јуни, Сити Радио, Клуб фм и Метрополис Радио Мрежа ќе бидат на различни места низ градот и ќе се дружат со случајните минувачи и со оние кои ќе дојдат и ќе бидат дел од нашата екипа.

Првата сабота за радио „разладување“ е на 22 јуни, кога екипа од трите радија ќе биде во старата скопска чаршија, со цел да им оддадеме почит на местата кои имаат најголемо значење за градот. Ќе пиеме лимонада или боза, ќе слушаме музика и ќе споделиме неколку часа од денот под сенките во старата чаршија!

Во склоп на заедничката градска дружба ќе се сретнеме во Зоолошката градина, каде нашето присуство ќе има за цел да се поклони пред убавината на детството и совршеноста на животните; во Аква парк – затоа што летото, водата и радоста одат заедно; на кеј, со цел да се поддржи рекреативниот спорт и спортските навики; кон крај на летото Сити Радио, Клуб фм и Метрополис Радио Мрежа ќе бидат на ул Македонија. Тој ден на минувачите ќе им бидат подарени само добри наслови на книги, со што достоинствено ќе се одбележи доаѓањето на новата учебна година,ќесе поттикна љубовта кон книгата и желбата за читање, под мотото: Читај! Биди полн, не празен!.

Летниот концепт ќе заврши со голема отворена ноќна забава на која ќе настапат диџеите на Сити Радио, Клуб фм и Метрополис Радио Мрежа.

Ова лето заедно ќе пулсираат радиото, градот и културата!

Сити Радио, Клуб фм и Метрополис Радио Мрежа, свежина низ вжештените градски улици!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Забава