X
 23.12.2022 Култура

Почина Масимо Савиќ

По кратко боледување почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ, соопшти неговата фамилија.

-Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, тој вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност - стои во објавата.

Масимо е роден во Пула во 1962 година. Кариерата ја почна во групата „Доријан Греј“, а потоа стана од најголемите ѕвезди на Балканот.

Фото: Фејсбук

Издвојуваме

Култура