X
 24.03.2017 Живот

Мудри совети - Што треба да знае жената после 35-та година?

- Без оглед на тоа колку забавата е добра и фантастична, направете сè за да се разбудите во вашата спална соба.

- Помеѓу парчето торта и колаче, секогаш направете го изборот за чаша вода.

- Ако е полноќ, а вие морате да ја измиете косата, да направите депилација на нозете и маникир - секогаш изберете го сонот. Затоа што нозете можат да се сокријат, на главата може да се стави марама, ноктите да се налакираат со безбоен лак, но ништо не може да го покрие уморното лице и лошото расположение. Секогаш избирајте го сонот.

- Патувајте! Искористете ја секоја можност за да патувате. Новите сознанија се одличен начин за стекнување на искуства.

- Пред да започнете да ја проценувате ситуацијата, секогаш запрашајте се: „Дали ова го разбирам?“ После тоа замолчете и одете си.

- Трошењето на време и емоции на несоодветен човек има смисла само ако сте докторка, а тој е пациент кој ви плаќа.

- Помеѓу бурната романса и можноста за заработка на пари, секогаш направете го изборот во корист на второто.

- Во конфликтот не се раѓа вистината, туку мигрена. Реченицата: „Да, ти како што ќе кажеш“ ќе ви зачува пари и нерви, доколку е кажана во вистинско време.

- Неколку дена самотија делуваат подобро отколку скап спа центар.

- Ниту еден маж не вреди да патите поради него во неудобни чевли.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот