X
 24.09.2021 Живот

Лекарската комора домаќин на 28. меѓународен ЗЕВА симпозиум: 309 млади лекари добија лиценца за работа

Лекарска комора на земјава беше домаќин на 28. ЗЕВА симпозиум, меѓународен собир на кој учествуваа највисоките претставници на лекарските комори и здруженија од 17 земји од Централна и Источна Европа. Главна тема на настанот беше „Медицински комори и ковид-19 во 2021 година: Промена на задачите и нови перспективи“.

- Поради наплив од пациенти, се бараше лекар повеќе, 309 лекари успешно го положија испитот и се стекнаа со лиценца за работа - истакна проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарската комора на 28. ЗЕВА симпозиум, меѓународен собир од висока важност и значење. Таа информираше за активностите што ги организира Комората во насока на намалување на негативните последици од пандемијата.

ЗЕВА симпозиумот има важна улога во насока на олеснување на комуникацијата и размената на искуства и идеи помеѓу сите комори од регионот на Централна и Источна Европа.

Издвојуваме

Живот