X
 24.10.2021 Наша тема

Кога бев студент со Илина Арсова, лекарите се жалат дека нема термини за тестирање за ковид... Што пишуваме неделава

Како влијае работата од дома врз здравјето на луѓето - од искуството на матични лекари: Со организирање работа од дома се штитеа луѓето да не се заразат, но, од друга страна, долготрајното седење дома предизвика зголемување на телесната тежина, зголемена анксиозност и депресија. Меѓу лошите страни од работењето дома го споменуваат и тоа дека ја нема потребната координација и тимска работа за да бидат попродуктивни, вели матичната лекарка д-р Чолакова-Дервишова.

Катерина Габунија, режисерка: „Тајните архиви на Скопје“ - желба да ги зачувам спомените од мајка ми: Свесна за животниот век на овие ленти, сакав, пред сè, да ги зачувам спомените од мајка ми. Некако природно и во таа насока се роди и се разви идејата за „Тајните архиви“.

Во Македонија има 25 невработени доктори на науки, еве во кои градови: Вкупниот број невработени во Македонија заклучно со 30 септември изнесува 135.605 лица, од кои 69.001 се жени, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

„Кога бев студент“ со Илина Арсова: Сама си ги финансирав одморите и цртав портрети за да заработам за џепарлак: Сакав да учам и да се надградувам, можеби не толку научно како другите од моето семејство, но во моето целокупно образование секогаш сум била солиден студент. Врвот сепак го достигнав во 2012 година - како една од 17 девојки во светот учествував на Глобалната светска менторска програма во САД за промовирање родова еднаквост преку спорт, вели Илина.

Над 52 отсто од студентите на УКИМ се вакцинирани или прележале ковид-19: Над 52 проценти од студентите што студираат на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вакцинирани или прележале ковид-19 во последните шест месеци. Ова го покажала анонимна анкета спроведена од 17 до 20 септември на сите студенти од прв и втор циклус на студии.

Лекарите се жалат - нема термини за тестирање за ковид-19, од Здравство велат дека тестови има во секое време
Закажувањето тест за коронавирусот, како што велат матичните лекари, постојано е проблем, а некои од пациентите што не може да чекаат за тест во јавните здравствени установи одат да се тестираат во приватните лаборатории, каде што за тестот плаќаат од илјада до две илјади денари.

Михаела Гашпар, хрватска писателка: Во мојот дом може да се слушнат „Елено, моме“, „Калеш бре Анѓо“, „Јовано Јованке“...
Хрватската писателка Михаела Гашпар Ѓукиќ (1973) беше една од гостинките на 7. издание на Фестивалот на европска литература „Букстар“ во Скопје.

Издвојуваме

Наша тема