X
 24.11.2020 Живот

Како да го поттикнете говорот кај 2,5-годишни деца

Поттикнувањето на говорот и богатењето на детскиот речник зависи од родителот, вие треба да зборувате со едноставни и правилни реченици кои вашето дете може да ги повторува. Покажете интерес за тоа што го кажува детето и проширувајте ја содржината. На пример: ако детето каже маче, вие продолжувате: да тоа е маче, мачето прави мјау, тоа е кафено, има опашка. Заедно со вашето дете пејте едноставни ритмички песнички и бројалки. Гледајте заедно семејни фотографии и албуми, именувајте ги ликовите и опишувајте што се случува. Користете различни дидактички играчки, сликовници, со што ќе му овозможите на вашето дете ново искуство, размена на информации и поттикнување на говорот.

Ова е дел од одговорот на психотерапевтот Наташа Маџевска, остатокот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Живот