X
 25.04.2021 Наша тема

Средношколки плетат маски со чингелаќе, со германски јазик полесно до работа, е-учебници, донации за витамини...

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

До кога ќе ни бегаат надарените и талентирани деца? Ќе ги препознае ли државата? Случајот со малиот математичар од Штип кој беше одбиен за награда зашто како основец на натпревар победи средношколци уште еднаш алармира кај општествените структури дека треба да имаат контакт со талентирани деца, да размислуваат како од македонските таленти да создадат државна гордост.

Учебниците од 4. до 9. одделение ќе бидат електронски, а наставниците може да печатат материјали за потребите на часот, објаснува Чешларов од БРО: Ако наставникот процени дека одредени вежби, задачи и тестови од материјалите за учење се потребни во печатена форма за реализација на наставен час, ќе може да ги отпечати. Како и досега, тие трошоци треба да ги планира и покрие училиштето, велат од Бирото за развој на образованието.

Средношколки плетат маски со чингелаќе: Маските се направени за заштита од коронавирусот, а служат и како моден додаток: Двете девојки, користејќи го знаењето пренесено од бабите и нивниот уметнички талент, ги рушат предрасудите на младите дека нема да изгледаат убаво носејќи маски. Создаваат уникатни модни додатоци кои не само што ќе ги заштитат младите од болеста туку и ќе ги направат да изгледаат тренди.

Посебен софтвер и камери на испитите на ФИНКИ за да нема мамење и препишување. Како се одвива полагањето... Во еден линк студентот ни го испраќа неговиот десктоп и плус му го гледаме ликот со веб-камерата на лаптопот што го снима фронтално, па тоа се спојува во едно видео. Така учествуваат во телеконференцијата. Јас како дежурен имам увид во 20 такви стримови и имам увид во секое нивно движење, вели проф. д-р Иван Чорбев.

Со пензија од 200 евра цело семејство живее и се бори со ковид-19. Се собираат донации за витамини за оние што им требаат: Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) покрива трошоци само за лекови што се на позитивната листа, а витамините во ниту една земја во светот не спаѓаат во листата со лекови бидејќи тие се суплементи, односно додатоци во исхраната.

Најдов одлично платена работа за еден ден само затоа што добро го знам германскиот јазик: Чувството да се биде дел од компанија која е број еден во својата индустрија во светски рамки, каде што секој ден одите на работа мотивирани и исполнети - е нешто што ми дава причина повеќе да инвестирам во себе и постојано да се надградувам и да градам кариера во самата компанија. „Телеперформанс“ е дефинитивно компанија која, пред сè, инвестира во своите вработени и ве мотивира да бидете најдоброто од себе, вели Мицевска.

Издвојуваме

Наша тема