X
 25.09.2022 Живот

Огромен јаз во математиката меѓу основно и средно, oбраснатиот дом „Стив“ чека реновирање, регистриран Великотрновскиот универзитет во Свети Николе... Што пишувавме неделава

Јованка Денкова: За децата е нормално постоењето на светови кои за нас, возрасните, се тешко замисливи

Литературата со научна фантастика им дава можност да сонуваат, да фантазираат, да се заскокотка нивната бесконечна фантазија. На тој начин, кај децата се поттикнуваат и многу безвремени и универзални прашања, смета авторката Јованка Денкова

Огромен јаз во математиката меѓу основно и средно: „И приватни часови и вежбање дома, и не можев да стигнам до тројка“

Слабости во знаењето и тешкотии во совладувањето на содржините по математика покажуваат добар дел од учениците кои во основно образование го изучувале предметот по „Кембриџ“, а во средно училиште учат по стара наставна програма. Ученици, родители и наставници се жалат дека недостигаат предзнаења по одредени содржини кои требало да ги совладаат во основно за во средно да ги применат. На пример, подетални знаења од темите множества, прави, признаци за складност, конструкции и друго.

Најсоодветна вежба за враќање на кондицијата кај пациентите што прележале ковид-19 е пешачењето, вели д-р Викторија Атанасова

Многу е важно да се испочитува периодот на одмор по прележување на вирусот, односно две недели откако завршиле симптомите на ковид-19 да не се започнува со физичка активност. Пред започнување со физичка активност секој постковид-пациент би требало да направи основни испитувања - ЕКГ и крвна слика со цел утврдување на неговата општа здравствена состојба и способност за изведување вежби кои бараат напор, истакнува докторката по општа медицина Викторија Атанасова

Името на Великотрновскиот универзитет во Свети Николе не е спорно, а ќе има само магистерски студии на англиски јазик

Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ од Бугарија деновиве ја официјализира филијалата во Македонија, која ќе биде со седиште во Свети Николе, во рамките на Меѓународниот славјански универзитет (МСУ). Уписите на Великотрновскиот универзитет сè уште не се почнати, но се очекува деновиве да се дефинираат условите под кои ќе се одвиваат.

Обраснатиот дом „Стив Наумов“ чека реновирање. Чеканите удрија само во тоалетите и бањите, а глетките покажуваат зошто студентите се тепаат за „Гоце“

Празни згради, подразрушени тоалети, обрасната трева и нетипична тишина е она што нѐ дочека во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Додека сите го очекуваат тендерот за реновирање на еден од најпространите студентски домови, студентите полека се вселуваат во новите баракички и во две од трите ламели на третата зграда.

„За промоција на новите артисти, најважна е медиумската поддршка“, вели младата пејачка Тијана Периќ

Минатата година младата пејачка Тијана Периќ од Скопје ѝ се за претстави на македонската јавност со својата песна „Писмо“. Оваа година, покрај многубројните настапи, таа го објави и своето ново музичко дело „Сонувам“ со навистина уникатен спот.



Издвојуваме

Живот