X
 25.12.2022 Наша тема

Стефан Неделкоски е првенец на Медицина, Амир Десанов - од дете на улица до супер математичар... Што пишувавме неделава

Студентскиот дом во Охрид нуди сместување во центарот по ниски цени, во соби со сопствени тоалети, но потребно е реновирање на објектот

На само 70 метри од брегот на Охридското Езеро и на неколку минути пеш до центарот на градот е сместен Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Одлична локација за студенти со оглед на тоа дека во близина се факултетите. Пространиот објект со приземје и четири ката е стар близу шеесет години и потребно е реновирање. Има лик на одморалиште од времето на социјализмот, со мермерни подови, дрвенарија на ѕидовите на влезот, широка рецепција и трпезарија...

Стефан Неделкоски е првенец на Медицинскиот факултет со просек 10: „Желбата да студирам медицина се јави потсвесно“

Желбата да студирам медицина се јави потсвесно и на некој начин ги амалгамизира сите знаења што ги нудат природните науки, со цел одржување и подобрување на здравјето на човекот. Контактот со пациенти, разговорите и прегледите кои како студент ги преземате, со цел последователна дискусија со професорите и асистентите за можните дијагнози и третман, се незаменлив дел од струката лекар, вели Стефан.

На македонските мажи не им пречи да посетат жена уролог, вели д-р Маја Софрониевска-Главинов

Изненадена сум колку на мажите во нашата земја, за која се смета дека живеат луѓе со конзервативни, балкански предрасуди, не им пречи да посетат жена уролог. Дури понекогаш инсистираат да бидат прегледани или оперирани од жена уролог бидејќи сметаат дека жените со повнимателни и поодговорни. Мислам дека жените во тој поглед имаат повеќе предрасуди и претпочитаат да ги прегледа жена, вели Маја Софрониевска-Главинов, една од жените уролози кај нас

Бегалските приказни се премногу тажни, а јас се трудам барем една од нив да има среќен крај, вели Ленче Здравкин, добитничка на државната награда „Мето Јовановски“

„Треба да бидеме среќни со она малку што го имаме и да го поделиме со оние што го немаат воопшто“, е најважната животна лекција која Ленче Здравкин, хуманитарка од Велес, ја научила додека во својот дом ги хранела бегалците од Сирија и Авганистан за време на бегалската криза.

Од дете на улица до супер математичар - Амир Десанов е нашата надеж за подобро утре

Амир е евидентиран во 2013 година како дете на улица што пита во Скопје. По разговор и одобрение од мајка му, почнува да го посетува Центарот за деца на улица. На почетокот е многу срамежлив и му треба подолго време да се адаптира. А сега е одличен во математика, сака да учи и да стане информатичар

Издвојуваме

Наша тема