X
 26.12.2022 Здравје

Германски експерт: Пандемијата на ковид-19 е завршена

Пандемијата на ковид-19 може да се смета за завршена и сега е ендемична болест, изјави германскиот виролог Кристијан Дростен во коментар за весникот „Тагесшпигел“.

- Го доживуваме првиот ендемски бран со Сарс-КоВ-2 оваа зима. Според моја проценка, пандемијата е завршена - рече шефот за вирологија во берлинската универзитетска болница Шарите.

По оваа зима, имунитетот кај населението ќе биде толку широк и отпорен што вирусот ќе има мали шанси во лето, додаде Дростен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Здравје