X
 27.11.2020 Здравје

Дали може со скафандер да влезете во болница и да го негувате болниот од Ковид-19?

Во Тетово деновиве имало барања од граѓани да им се дозволи со скафандери и целосна заштитна опрема да влезат во болницата и да им помогнат на своите блиски што се болни од Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговори:

- Иако би биле заштитени, сепак ризикот е голем. Мобилизирани се сите медицински сестри во земјава. Свесен сум дека и досега се случувало присуство на членови од семејство, тоа е дел од нашата култура на живеење. Но, кон оваа патологија мора да бидеме повнимателни - рече Филипче.

Тој рече дека засега нема потреба да се мобилизираат матичните лекари на инфективните клиники, бидејќи тие комуницираат со пациентите и ги советуваат и лекуваат во првата фаза од болеста. Матичните лекари работат според препораки и постапуваат според клиничка слика и состојба на секој пациент поединечно. Како се менува состојбата на пациентот, така матичниот лекар ја адаптира терапијата.

Филипче рече дека засега нема потреба нити во Прилеп ниту во Битола да се преземаат дополнителни мерки бидејќи во моментот состојбата добро се менаџира.

Фото: Борче Поповски

Издвојуваме

Здравје